Оставките продолжуваат по корупцискиот скандал

168

Словенија

Министерот за внатрешни работи на Словенија Алеш Хојс поднесе оставка во знак на протест поради апсењето на министерот за економија Здравко Почивалшек, во врска со скандалот со набавка на респиратори за пациенти со ковид-19. Хојс тврди дека истрагата е политички мотивирана и насочена против владата на Јанез Јанша. Освен Хојс, оставка даде и директорот на полицијата Антон Травнер.
Словенија ја тресе корупциски скандал поврзан со набавка на респиратори за пациенти со ковид-19. Полицијата завчера го приведе министерот за економија Здравко Почивалшек, кој е осомничен како одговорен за сомнителната набавка.

Според иследниците, Министерството за економија по превисока цена набавило заштитна облека и респиратори за тешко болни пациенти од ковид-19. Освен тоа, при набавката биле фаворизирани одредени фирми, иако материјалот не бил соодветен, тврди истрагата. Почивалшек ги отфрла обвинувањата и беше во притвор неколку часа.

Коментаторите во Словенија во драматично инсценираниот настап на Хојс гледаат стратегија на деснонационалистичкиот премиер Јанез Јанша да ги стави под своја директна контрола досега независните органи на власта, пренесуваат словенечките медиуми.