Основана национална авиокомпанија

111

Албанија ја доби својата прва национална авиокомпанија „Ер Албанија“, која е основана во партнерство со авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“. На свеченоста, која се одржа во саботата на Меѓународниот аеродром во Тирана, присуствуваше албанскиот премиер Еди Рама, кој рече дека ова е значаен момент за земјата.

– Дефинитивно без иницијативата на турскиот претседател Ердоган и неговата великодушна поддршка ние денеска немаше да бидеме на ова место – истакна Рама.
Турскиот амбасадор Мурат Ахмет Јорук рече дека Албанија со својата национална авиокомпанија со Турција формираше и воздушен мост на долгогодишното пријателство меѓу двете земји.

Членот на управниот одбор на „Туркиш ерлајнс“, Митхат Гркем Аксоу, нагласи дека овој проект е само еден почеток на планот на долгорочните инвестиции во Албанија.