Ослободување од неплатени сметки

403

Граѓаните на Црна Гора повеќе нема да мораат да ги плаќаат долговите постари од две години за да им се приклучи вода или струја, предвидено е во новиот предлог-закон за заштита на потрошувачите, кој го претставила црногорската влада.

– Со новиот закон потрошувачите во Црна Гора ќе бидат позаштитени, така што доколку трговците сакаат да поведат постапка против нив, нема да можат да им исклучат струја или вода ако судот не донел таква пресуда, а се работи за рок подолг од две години – вели Јово Рабреновиќ од Министерството за економија.

Трговецот исто така ќе биде и обврзан на потрошувачот да му каже колкава е моменталната сметка, како и колку изнесува застарениот долг.