Опозицијата нема да учествува на следните избори

96

Најголемата српска опозициска коалиција, Сојузот за Србија (СЗС), најави дека нема да учествува на избори сѐ додека не се создадат услови за одржување фер избори.
Тие најавија дека своите забелешки за текот на неодамнешните локални избори во општината Лучани ќе ги достават до Европскиот парламент и до странските амбасади во Белград.

СЗС на прес-конференција оцени дека локалните избори во Лучани покажале дека нема услови за фер избори и затоа опозицијата нема да учествува на ниту едни избори во такви околности.

– Под овие услови, нема да учествуваме на избори – изјави поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ, кој е претседател на Народната партија, една од членките на СЗС.

Тој истакна дека без учество на опозицијата во парламентот, евентуалниот договор за Косово нема да има легитимитет, кој „ѝ е потребен на меѓународната заедница за да се заврши оваа работа во врска со Косово на начин како што вети сегашната влада“.
Јеремиќ оцени дека тогаш „активната состојба ќе биде неодржлива“ и ситуацијата ќе треба да се промени.

СЗС најави дека планира да бара фер избори преку протести и ги повика граѓаните в сабота повторно да излезат на протестниот собир во што е можно поголем број.