Операција за апсење на „ѓуленисти“ во 18 турски окрузи

272

По наредба на турското Обвинителство денеска во 18 окрузи се спроведува операција против осомничени лица поврзани со организацијата на Фетулах Ѓулен.

Издадени се налози за апсење на 25 кандидати за судии и 13 адвокати.

Во Турција досега се уапсени повеќе од 38.000 луѓе, а околу 110.000 јавни службеници добија отказ под обвинение дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, кој според Анкара е организатор на воениот удар во 2016 година.