Одморот на Халкидики претворен во кошмар за неколку минути

1184
Фото: „Грик репортер“

Очевидци на синоќешното силно невреме во Северна Грција ги опишаа настаните по кои животот го загубија 55-годишна Романка и нејзниот 8-годишен син, кои вечерале во таверна во ресортот Неа Плагиа, пренесува „Грик репортер“.

Според сведоците на настанот, инцидентот се случил додека мајката и синот вечерале под стреата на ресторанот, во момент кога бурата драстично се засилила. Јаките ветришта ја урнале констукцијата, под која останале голем дел од посетителите.

Фото: „Грик репортер“

Младото 8-годишно момче се обидело да избега, но ветерот бил толку силен што успеал да го подигне високо во воздухот. Набрзо потоа, силната бура го удрила момчето во предниот прозорец на ресторанот. По брзото префрлање во болница, момчето е прогласено за мртво, додека телото на мајката брзо потоа е пронајдено под урнатините.

– Ветерот беше толку силен што урна неколку дрвjа и покривни констукции, кои потоа паднаа врз посетителите на ресторанот. Успеавме да спасиме неколку лица, но не и жената која остана под урнатините – рече сведок на настанот за „Грик репортер“.

Друг сведок посведочи за паниката и стравот кај гостите во ресторанот. 

– Трчавме на сите страни. Пробувавме сите што можеме, да ги извлечеме од урнатините. За жал, не можевме да стигнеме до жената. Навистина трагична глетка – потенцираше друг сведок за грчкиот медиум. 

Во невремето загинаа шест лица, меѓу кои се Романката и нејзиниот осумгодишен син, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа. Околу стотина луѓе се повредени, а уште се трага по исчезнатите.

Фото: „Грик репортер“