Огорченоста поради татковата смрт и тепаните херои го одбележаа протестот во Белград

490

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно.

Како што може да се види во видеото објавено од телевизијата Н1, тројца момчиња седат мирно на клупа во Пионирскиот парк, кога група полицајци им приоѓаат и почнуваат да ги тепаат со палка.

Во еден момент, едно од момчињата се гледа како ги крева рацете во воздухот додека полицијата им приоѓа.

Момчињата кои беа претепани се вратија на истата клупа по неколку минути. На социјалните мрежи веќе ги нарекуваат херои на протестите.


Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата Н1 пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ, кој почина од коронавирус. Одговарајќи на нејзиното прашање зошто не се откажува од протестот, тој рече дека тој бил таму заради неговиот татко кој починал во болницата во Земун затоа што немало респиратор.

Новинарката на Н1, Јелена Зориќ, ги интервјуираше учесниците на протестот пред српскиот парламент, прашувајќи ги околу полноќ зошто не се откажале од протестот, кога Ѓуриќ и пришол и и одговорил во преносот во живо дека е таму заради неговиот татко кој неодамна починал, пренесува телевизијата Нова.

– Солзавец, боева муниција, палки, се против голораката младина. Тато, ова е за тебе бидејќи почина затоа што немаше респиратор. Тато, многу те сакам. И за мојот син кој се роди – и рече младиот човек на новинарката.

На прашањето зошто неговиот татко починал, младиот човек одговорил:

– Немаше респиратор, и до денес не добив тестови дека тој починал од коронавирус. Значи, немаше респиратори во болницата во Земун, а тие зборуваа дека подаруваат респиратори. Знам дека тој би бил горд на мене – изјави младиот човек за Н1.