Објавени конечните резултати од изборите во Косово, Курти е победник

56

Централната изборна комисија на Косово ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа пред еден месец. Според конечните резултати, Албин Курти, кандидат за премиер на Движењето Самоопределување, освои најмногу гласа – 183,868.

Потоа следи кандидатот на ДСК, Вјоса Османи со 176,188 гласа. Третиот кандидат по бројот на гласови е претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, со 146,763 гласа.

Досегашниот премиер Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднина на Косово, освои 75,917 гласа.

По денешното објавување на конечните резултати се очекува и постигнување конечен коалициски договор меѓу Самоопреледување и ДСК.