ОБСЕ апелира на дијалог меѓу власта и опозицијата во Албанија

50

Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард, смета дека е неразумно продолжувањето на политичката криза во Албанија.

По средбата со студентите на Универзитетот Луиѓ Гуракуќи во Скадар, тој рече дека политичката криза е на штета на Албанија и упати апел до власта и опозицијата за дијалог.

– Се обидуваме на секој начин да има разговори. Сакаме сите политички фактори да учествуваат на изборите. Невозможно е да ја гледам иднината за она што може да се случи во Албанија. Сите партии имаа претставници во Централната изборна комисија (ЦИК) и ги признаа изборите во 2017 година – истакна Бошард.

Тој го повтори ставот дека откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати е чин без преседан и лош пример за регионот. Бошард додаде дека пополнувањето на дел од пратеничките места во албанскиот законодавен дом, од кои се откажа опозицијата, со кандидати кои се подолу на гласачките ливчиња, е легитимен.

Бошард на средбата упати апел до студентите да бидат поактивни во политичкиот живот.