Нов пожар во источниот дел на областа Атика

94

Од 6.40 часот утрово по локално време, грчката противпожарна служба, со девет пожарникари, три возила и еден хеликоптер го гаси шумскиот пожар што изби во населбата Неа Макри, во источниот дел на областа Атика.

Неа Макри се наоѓа многу блиску до населбите што беа зафатени од катастрофалните пожари на 23 јули, во кои животот го загубија над 90 лица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според картата за опасност од пожари објавена од  Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, за денес, областа Атика, заедно со полуостровот Евија и островите Скирос, Лезбос, Хиос, Самос и Икарија се во портокалова боја, односно со многу висока опасност (четврта категорија) од појава на пожари.