Нови антивладини протести во Бугарија: „Корона, чао! Бојко, чао!“

500

Нови антивладини протести попладнево се случуваат во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија.

Веќе петта вечер по ред илјадници луѓе излегуваат на улиците барајќи оставка. Како што пренесе „БГНЕС“, на протестите присутни се голем број луѓе со деца, кучиња и на велосипеди од сите возрасти.

Собраните извикуваа: „Корона, чао! Бојко, чао! “

На паролите пишува: „Протестирам за да не емигрирам“, „Сакаме иднина за нашите деца“, „Бугарија на народот, а не на мафијата“ „Доволно е 10 години! Борисов, оди си во мир! “,„Сакам иднина во Бугарија, дали е тоа многу? “.

Зголемено е присуството на полицијата во повеќе области, а засега протестите се одвиваат мирно.

Главните барања на демонстрантите се оставката на владата и главниот обвинител.