Нема жртви во експлозијата во Загреб

496

Хрватската полиција потврди дека нема повредени ниту загинати во експлозијата која се случи рано изутрина во  во главниот град Загреб.

При ексползијата е настаната материјална штета, оштетени се неколку автомобили и искршени се прозорците на првиот кат каде што се наоѓа кафулето „Њуз бар кафе“.

Дел од медиумите во Загреб потсетуваат дека на истото место пред еден месец имало пукање со огнено оружје и дека граѓаните биле вознемирени. Истрагата е во тек, по што се очекуваат дополнителни информации.