Неколку партии ќе формираат движење за бојкот на изборите во Србија

40

Неколку партии ќе формираат движење за бојкот на изборите во Србија.

Партиите од коалицијата Сојуз за Србија (СзС), Социјал демократската странка (СДС) и здруженијата на граѓани, кои ќе ги бојкотираат следните парламентарни избори во Србија соопштија дека ќе формираат „Движење за неучество на парламентарните избори во 2020 година“.

Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ изјави дека очекува сите заедно да бидат во „фронтот за доведување во прашање за нерегуларност на изборите“ и дека активностите на „фронтот“ ќе бидат координирани од заедничко тело.