Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром во Босна

1692

Невреме со дожд, ветер и громотивици зафати делови на Балканот вчера и денеска, при што во близината на босанскиот град Прњавор 11 годишно девојче загинало од удар на гром.

Несреќата се случила вчера вечер, во месноста Отпочиваљка, каде што живеело девојчето, јави весникот Аваз.

Невреме го зафати и турскиот главен град Анкара, при што шест лица беа повредени кога пороен дожд предизвика поплави доволно силни да понесат паркирани возила. Десетици куќи и канцеларии беа поплавени од дождот.

Во српскиот главен град Белград денеска 15 минути паѓал град со големина на лешник, а метеролозите очекуваат дека ќе останат високите температури, а бурата и грмотевиците ќе се насочат кон западните делови на Србија.