Невреме во Австрија, над 100.000 громови ја погодија Виена и околината

1686

Силно невреме со околу 100.000 удари на громови го погоди синоќа истокот на Австрија, посебно Виена и нејзината околина.

Експерти истакнуваат дека таквата појава е невообичаена за овој период од годината, бидејќи метеоролозите истакнуваат дека бројот на громови кои го погодиле истокот на Австрија може да се спореди само со летниот период, а не се очекува на пролет.