На собир во Женева се расправа за референдумот во Македонија, изборите во БиХ и дијалогот Србија- Косово

358

Во организација на Светскиот економски форум денеска се одржува собир во Женева, насловен „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.

Собирот во Женева за Западен Балкан ќе биде можност за разговори околу последиците од референдумот во Македонија, безбедносната ситуација и разговорите кои се водат меѓу Србија и Косово, како и анализа на состојбата во БиХ пред општите избори овој викенд.

– Сакаме да расправаме на највисоко ниво и за последиците од завчерашниот референдум во Македонија, безбедносната ситуација и разговорите, кои се одвиваат меѓу Србија и Косово, да се анализира состојбата во БиХ пред изборите овој викенд. Така што, многу има политички и безбедносни предизвици и затоа е добро да сме постојано присутни на ваквите типови на форуми на највисоко ниво – изјави хрватскиот премиер Пленковиќ.

Во организација на Светскиот економски форум денеска во Женеа се одржува собирот насловен „Стратешки дијалогот на Западен Балкан“, на кој ќе се соберат претседатели на држави или влади, како и министри од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Германија, Словенија, Србија, Швајцарија и Турција.

Пленковиќ вели дека целта на денешниот состанок е да се дискутира како државите од Источна Европа можат да одат напред кон своите темелни цели, членство во ЕУ во што Хрватска може да им помогне.

– Сакаме да видиме како ќе се решат некои битни и политички и безбедносни прашања и исто така да помогнеме во трансферот на знаење во поглед на она што тие земји можат да го очекуваат во рамките на преговорите. Тоа е наша стратешка позиција и мислам дека е важно, подготвувајќи за нашето претседавање за почетокот на мандатот на новата комисија и новиот Европски Парламент, новиот претседател на Европскиот совет, да го интензивираме овој процес во првата половина во 2020 година кога ќе претседаваме со Советот на ЕУ – рече Пленковиќ.