НАТО е за актуелниот мандат на КБС

190

НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили (КБС) во нивниот сегашен мандат, а ако тој мандат се смени, Северноатлантската алијанса ќе мора да го преиспита нивото на ангажирање на НАТО на Косово, изјави неименуван претставник на НАТО за британски медиуми.

– НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили во нивниот актуелен мандат. Ако тој мандат биде променет, Северноатлантската алијанса ќе мора да го преиспита нивото на ангажирање на НАТО на Косово. Ние не можеме да ја предвидиме одлуката на Северноатлантската алијанса – наведе претставник на НАТО за британски медиуми.

Косовското собрание завчера усвои три владини предлог-закони во прво читање за трансформација на Косовските сили за безбедност во косовска армијарпскиот весник „Новости“ објави текст во кој се наведува дека врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе биде извршен голем внатрешен притисок за властите во Белград да прогласат окупација на Косово, бидејќи според сите договори, само КФОР е тој што може да биде на таа територија како воена формација. Таа информација за српскиот весник „Новости“ ја наведува извор од врвот на власта, кој укажува дека таква опција подолго време заговараат и некои најблиски соработници на шефот на државата и одделни претставници на воениот врв. Тие сугестии, како што објавува весникот, се зголемиле по барањето од САД во ОН да ѝ се укине мандатот на мисијата УНМИК што може да биде вовед за прекин на важењето на Резолуцијата 1244.

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, рече дека сѐ додека Резолуцијата 1244 е во сила, во Косово не може да има никаква друга вооружена сила освен КФОР.