Наставник од Косово обвинет за сексуално злоставување ученици

262
Фото: илустрација

Основното јавно обвинителство од Ѓаковица побара одредување мерка притвор во траење од 30 дена на наставник од овој косовски град, поради сомнеж дека сексуално злоставувал 27 ученици.

Како што јави електронското издание на „Коха диторе“, Обвинителството покренало обвинение против наставникот за „злоупотреба на лица помлади од 16 години“.

Обвинителството информира дека наставникот, кој предавал албански јазик, е осомничен дека од септември 2018 вршел „континуирани сексуални напади врз 27 ученици“.