Мицотакис со нова политика за мигрантите

40

Владата на Грција, предводена од премиерот Кирјакос Мицотакис, ќе формира ново министерство за миграција и азил, а министер ќе биде досегашниот заменик-министер за труд Нотис Митаракис, соопшти денеска портпаролот на Владата, Стелиос Пецас.
Алтернативен министер ќе биде Јоргос Кумуцакос, кој и досега беше надлежен за миграциска политика, но во рамките на Министерството за цивилна заштита.

– Владата уште од првиот момент следеше различна политика во бегалското- мигрантското прашање. Со комплетен план базиран на четири оски: заштита на нашите граници, забрзување на процедурите за азил, зголемени враќања, затворени центри. И сето ова, паралелно, спроведувајќи празнење на островите што го имаат најголемиот товар во приемот на бегалците и мигрантите, но и со нејзината интернационализација на проблемот во сите меѓународни форуми – рече Пецас.

Прашањата поврзани со миграцијата, по изборите на 7 јули 2019 година и промената на власта во Грција, од посебното министерство што постоеше претходно, беа ставени во надлежност на Министерството за цивилна заштита.