Мицотакис најави нов почеток за Грција

277

Грција

Парламентот на Грција синоќа требаше да гласа за доверба на новата влада, откако ќе заврши расправата од пратениците за новата владина програма претставена од премиерот Кирјакос Мицотакис. Според досега изнесените јавни ставови, грчката влада ќе добие доверба само од пратениците на Нова демократија.

Расправата почна во петокот попладне со говор на Кирјакос Мицотакис, а по него следеа претседателите на партиите. Тој во обраќањето пред пратениците најави нов почеток на политичкиот живот во Грција, по како што рече децениското економско, општествено и културно назадување на земјата.

Мицотакис најави намалување на даноците, приватизација, намалување на државната бирократија и промени во образовниот и здравствениот систем. Тој се заложи и за обезбедување на правото на грчките иселеници да гласаат на изборите.
– Вистината е една. Грците ќе плаќаат помалку даноци и економијата ќе оди напред. Ќе продолжиме со нови инвестиции и многу работни места – изјави Мицотакис.