Мицотакис избран за нов премиер на Грција

1268

Лидерот на Нова демократија, Кириакос Мицотакис, утре во 13 часот ќе положи заклетва како нов премиер на Грција, објавија грчките медиуми.

Според последните податоци што ги објави Министерството за внатрешни работи на Грција, опозициската Нова демократија освоила 39,8 отсто од глаовите, додека владејачката Сириза на премиерот во заминување, Алексис Ципрас, – 31,6 отсто од гласовите.

Ципрас телефонски му ја честитал победата на Мицотакис.

-Граѓаните го направија својот избор, а нивната волја е многу почитувана- рече Ципрас.

-Се боревме со крената глава и денеска со крената глава го прифаќаме резултатот- истакна тој.