Мигрант убиен во Белград

195

Мигрант бил убиен синоќа во Белград. Полицијата идентификува двајца осомничени, од кои едниот е уапсен, а по другиот се трага, објави РТС.

Убиството се случило синоќа по тепачка меѓу мигранти пред обложувачница на улицата Краѓорѓева, недалеку од самиот центар на Белград. Убиен бил Авганистанец на возраст од околу 20 години. Тој бил прободен со нож во градите.

Медиумите дознаваат дека убиениот во Србија дошол од Авганистан пред две години, а во Белград престојувал подолго време.