Мигранти замрзнале на грчко-турската граница

123

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од четврток до недела.

Паталогот во болницата во Александропулос Палос Павлидис, за медиумите изјави дека меѓу починатите има две жени и четворица мажи, на возраст меѓу 18 и 30 години. Тие со себе немале никакви документи за идентификација.