Мета: Албанија да не се меша во косовскиот спор

56

Албанскиот претседател Илир Мета изјавил дека Албанија не може да биде дел од дијалогот помеѓу Косово и Србија.

Во интервју за телевизијата РТВ-21, Мета вели дека дијалогот меѓу Приштина и Белград треба да заврши на најдобар начин за двете земји, но и за целиот регион.
– Албанија не може да биде дел од дијалогот меѓу Косово и Србија, оти секаква интервенција од Албанија во овој дијалог или во одредени теми од дијалогот, практично претставува кршење на независноста и легитимитетот – вели Мета.