Маскирани напаѓачи избркале сезонски работник

180

Хрватска

Сезонски работник од Требиње, кој работел како келнер во еден ресторан во Дубровник, бил нападнат од група момчиња кои му дале рок од 24 часа да го напушти градот. Работникот бил нападнат од маскирани лица кои носеле фантомки на главата. По изречената закана тој го напуштил градот, пишува „Дубровачки дневник“, кој се повикува на неименувани, но сигурни извори.

Идентитетот на напаѓачите е непознат, но извори на порталот тврдат дека станува збор за членови на навивачката група Торцида. Во информацијата објавена на порталот се наведува дека келнерот бил навивач на Црвена звезда, а на раката го имал истетовирано симболот на навивачката група Делије, на фудбалскиот клуб од Белград. Тетоважата ја криел со завои. Момчето од Требиње не покажал никакво националистичко однесување, а порано работел и како келнер во Загреб.

Една недела претходно во Супетар на Брач беа нападнати сезонски работници, откако некои од напаѓачите слушнале како тие разговараат на српски јазик. Истражен судија во сплитскиот Жупаниски суд одреди едномесечен затвор за 22-годишно момче од Пушчиќ и за 19-годишен жител на Сплит, кои се осомничени за насилничко однесување кое е мотивирано на национална основа. Во случајот во Супетар беа нападнати пет лица.