Малолетник убиен во прифатниот центар за бегалци на островот Лезбос

97

Малолетник со нож е убиен во прифатен центар на островот Лезбос. Петнаесетгодишен бегалец нападнал негови врсници во прифатниот центар на грчкиот остров, при што убил еден од нив, додека другите двајца се повредени.

Инцидентот, според грчките медиуми, се случил синоќа околу 23 часот во делот каде што се сместени малолетните бегалци и мигранти без придружба. Иако тој има капацитет за само 160 лица, во моментов се сместени над 600 малолетници.