Малата Моника била пронајдена во гробница?

5016

Киднапираното девојче Моника Каримановиќ е пронајденo живo, потврди српската полиција. Белградските медиуми објавија различни детали во врска со случајот кој со денови го бранува регионот. Потрагата по девојчето траеше девет дена и во неа беа вклучени над 600 полицајци, рипадници на војската, хеликоптери и кучиња трагачи.

Според Курир, Моника Каримановиќ (12) од нишката населба Сув дол е пронајдена денеска жива и здрава во атарот на селото Сврљишки Миљковец. Порталот наведува дека судбината на нејзиниот грабнувач, Нинослав Јовановиќ, наречена „Берберот од Малчан“, засега е непозната и дека девојчето е пронајдено во гробница.

„Блиц“ наведува дека Моника Каримановиќ била спасена во селото Пасјача и дека станува збор за село од кое била мајката на бегалецот Нинослав Јовановиќ. Според весникот, Моника била пронајдена во напуштена викендичка без видливи повреди.

Информер пишува дека во моментот кога полицијата го опколила „Берберот од Малчин“, тој ја ослободил девојката и продолжил да бега, додека „Новости“ тврдат дека им е потврдено дека киднаперот е уапсен.

Моника беше пријавена за исчезната на 20 декември, а последен пат било видена во 7.20 часот кога тргнала на училиште, по што и се губи трагата. Нинослав Јовановиќ, по потекло од Малча, пред повеќе од една година, по издржувањето речиси 20 години затвор, повторно бил уапсен бидејќи демнел и им се заканувал на жени на Фејсбук.

Прекарот Малчански бербер го добил бидејќи ги потстрижал сите свои жртви, а пред судот признал дека потстрижувањето девојчиња го возбудува. Тој пред 25 години силувал жена и девојче, а кога во 2005 година бил пуштен на условна слобода, нападнал 12-годишно девојче. Двете претходно ги потстрижал, а едната и ја силувал. Повторно завршил во затвор, од каде што излегол минатата година.