Макрон: Проширување откако ќе се спроведат неопходните реформи во ЕУ

960

Проширување може да има откако ќе се спроведат неопходни реформи во Европската Унија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, денеска во Софија.

Тој рече дека е за засилен стратешки дијалог со Западен Балкан и европска перспектива, но истовремено го повтори ставот дека проширување може да има откако ќе се спроведат неопходни реформи во Европската Унија.

– Не сум за тоа дека за ново проширување може да има пред да се спроведат вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ – изјави Макрон.

Пред Самитот во Софија тој повтори дека е неопходно со многу „внимателност и строгост“ да се гледа на секое ново проширување.