Макрон потврди дека нема да се одржи најавената средба меѓу Белград и Приштина во Париз

80

Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврдиле дека претходно планираната средба во Париз, на која требаше да се разговара за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, нема да се одржи, пренесува „Танјуг“.

Состанокот во Париз, кој беше најавен за време на средбата во Берлин кон крајот на април, а на кој беше планирано највисоките претставници на Србија и Косово да разговараат во присуство на Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел, требаше да се одржи на 1 јули.