Македонските граници со ограничувања за соседните земји

85
Скопје – Комисијата за заразни болести донесе одлука да достави предлог до Владата од денеска при влез во државата за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и од Црна Гора да биде задолжително да достават ПЦР-тест не постар од 72 часа. Граѓаните од овие држави ќе мора да ја почитуваат оваа одлука, доколку Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести.
 
Препораката на комисијата е донесена по разгледувањето на актуелната епидемиолошка состојба во земјите и во согласност со информациите добиени оттаму од медицинските власти. Премиерот Оливер Спасовски најави дека Владата ќе го разгледа предлогот од Комисијата за заразни болести во најитен момент и врз основа на тоа ќе донесе одлука.
 
– Ако влегуваат луѓе што имаат свест и негативен ПЦР-тест, практично ќе влегуваат луѓе што не носат ризик и мислам дека за почеток тоа е доволна мерка – вели поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец.
На 26 јуни целосно се отворија сите гранични премини во државата со што македонските и странските државјани можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и за државен карантин.