Маж во БиХ нарачал убиство на својот брат

282

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси маж кој е обвинет за нарачано убиство за својот брат за сума од сто илјади евра, пренесоа локалните медиуми.

Полицијата соопштила дека 55-годишниот маж ангажирал лице од подрачјето на Херцеговско-неретванскиот Кантон за сто илјади евра да го ликвидира неговиот брат и да го повреди неговиот внук така што тој би останал инвалид.

Полицијата при претрес на објект во сопственост на уапсениот нашла десет мобилни телефони, компјутерска опрема, оружје, муниција и други предмети користени за подготовка на убиството.