Мажите тепаат, ама жените и тепаат и колнат

988

До насилни сцени во семејството доаѓа кога жените се обидуваат да изнудат некоја привилегија за себе или да го испровоцираат партнерот

Легенда: Секој десетти маж во Србија бил жртва на вербални и физички напади од жените
Во Србија од почетокот на годината на семејно насилство биле изложени шестмина мажи и 18 жени, а лани 16 мажи и 31 жена. Но во Здружението на татковци тврдат дека насилството сѐ повеќе го прават и жените и тоа не е само психичко и емоционално, туку и физичко.
– Од луѓето што ни се обратија за помош дознаваме дека мажите се изложени на најнемилосрдни навреди, омаловажување и клетви, но и на физичко насилство. На овие сцени присуствуваат и децата, кои потешко ги пребродуваат овие испади на мајките – вели социјалниот работник Дејан Павловиќ од новосадското здружение на татковци.

Жените неретко ги гаѓаат мажите со пепелници, вазни, шишиња, чаши, а посегнуваат и по ножеви и по ножички.
– Не е секоја семејна караница и насилство, но ние зборуваме за ситуации кога доаѓа до злоупотреба на моќта, било од женскиот или од машкиот пол. Насилството е насилство без разлика кој го прави. Но за насилството над мажите речиси и да не се зборува, и ние сме жртви на дискриминацијата – вели Павловиќ за „Вечерње новости“.
До насилни сцени во семејството доаѓа кога жените се обидуваат да изнудат некоја привилегија за себе или да го испровоцираат партнерот. Вообичаено тоа го прават пред децата за да издејствуваат да бидат удрени за потоа да докажат дека тие се жртвата. На ова се поттикнувани и од адвокатите и од невладини организации, кои од заштитата на жените заработуваат добри пари. При убиствата жените се помонструозни и го прават тоа повеќе од омраза. Најчесто убиствата ги прават кога мажите спијат и користат ножеви, чекани или токмаци. Ваквата бруталност женските организации ја објаснуваат со послабата физичка конструкција на жената. Павловиќ забележува дека убиствата од жените се извршени од стравотен излив на бес.
Како посебен вид малтретирање на мажите, кое во последно време е изразено, е злоупотребата при поднесувањето пријава за насилство, кое според новиот Закон за спречување насилство во семејството се решава како итен случај.

– Последните години бројот на пријави енормно расте, а околу 60 отсто од нив се отфрлаат, поради недостиг од докази. Околу половината се лажни пријави и се прават заради одмазда кон сопругот или партнерот. Но досега ниедна жена не одговарала поради лажно пријавување насилство – вели Павловиќ.
Мажите што се пријавени за семејно насилство можат да добијат привремена мерка за оддалечување од станот или забрана за приближување не само кон жената и до децата. Поединечни жени го користат ова, а полицијата најчесто постапува во корист на жената, за да не ризикуваат во случај да дојде до убиство. Најлошо е кога жената ќе ја злоупотреби пријавата за сексуално злоупотребување на детето. Оваа постапка може да трае до пет години, а за тоа време таткото нема пристап до своето дете. Во случаите кога мажите биле ослободени, во последните пет години имало 25 такви лажни пријави од жени, никој не одговарал за маките низ кои поминале неоправдано обвинетите татковци.

– Ние сме жртва на дискриминација. Кога жената ќе пријави вознемирување преку телефон, тоа се третира како закана, а кога тоа ќе го направи мажот, никој не реагира. За да биде жртва на насилство мажите треба да имаат и телесни повреди – нагласува Павловиќ.
Хајрија Рамадани од здружението „Хајр“ вели дека жените најчесто насилно се однесуваат ако со економски појаки од своите партнери и ако имаат нечија поддршка.
Во Србија првата сигурна куќа за мажите е основана во 2009 година во Ќуприја, а во Белград е формиран првиот кризен центар за помош на мажите што се жртви на семејно насилство.