Луиџи Сореца нов претставник на ЕУ во Албанија

34

За нов претставник на мисијата на ЕУ во Албанија наименуван е Луиџи Сореца. Тој е меѓу 24 ново назначени претставници на ЕУ од страна на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини. Италијанецот Сореца, официјално функцијата ќе ја превземе во септември, од неговата претходничка Ромина Влахутин.

Новиот евроамбасадор е добар познавач на Албанија поради неговиот претходен ангажман како една од клучните личности во Брисел за добивање визна либерализација за албанските граѓани во 2010 година.

– Има големи познавања за регионот на западен Балакн и во Албанија ќе дојде со големо искуство,повеќе од дваесет години,од областа на безбедноста,вклучувајќи го и проширувањето,што е од големо значење за идната фаза на Албанија на патот кон ЕУ – наведува тиранската телевизија Ора њус.

Истиот извор додава дека новиот евроамбасадор во Тирана има посебни познавање од областа на правната држава и безбедноста и неговото назначување доаѓа во клучен момент на земјата поради бараниот напредок во реформите,со цел „унапредување на патот за членство во ЕУ, што е стар сон на Албанците“.