Локалните избори во БиХ се одложуваат за 15 ноември

37

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, на својата 25-та седница што се одржа денеска, донесе Одлука за одложување на одржувањето на локалните избори во земјата, кои ќе се одржат на 15 ноември 2020 година.
        
На 7 мај, кога Централната изборна комисија на БиХ ги распиша Локалните избори за 2020 година, започна законскиот рок од 15 дена, во кој надлежните институции требаше да обезбедат средства за изборите во согласност Изборниот законик на БиХ. Имајќи предвид дека наведениот рок истекол и дека средствата не се обезбедени, Централната изборна комисија на БиХ ги примени одредбите од Изборниот закон на БиХ.