Лајчак во Косово на средба со Хоти

47

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во Косово. Тој попладне ќе биде примен од премиерот на Косово, Авдулах Хоти.

Минатата недела, косовскиот претседател Хашим Тачи се состана со Лајчак во Брисел. Лајчак вчера ги информираше шефовите на дипломатиите на Унијата за развојот на дијалогот и доби целосна поддршка за продолжување на медијацијата во преговорите меѓу двете страни.

Министрите ја истакнаа решеноста на ЕУ да го заврши успешно дијалогот и побараа од Белград и Приштина да преговараат „со добра волја и дух на компромис“.