Курц: Австрија ќе го поддржи она што ќе го договорат Приштина и Белград

100

Австрија ќе ги подржи сите решенија што ќе бидат договорени во дијалогот меѓу Белград и Приштина, вклучувајќи и корекција на границата. Ова во интервју за „Танјуг“ го изјави лидерот на австриската Народна партија (ОВП) и австриски канцелар, Себастијан Курц.

– Нашиот став е јасен. Го подддржуваме сето она за што ќе се договорат страните, па така и можните корекции на границите ако тоа води до сеопфатно решение кое би донело поголема стабилност. Целта мора да биде решавање на сите отворени прашања преку дијалог – објасни Курц.

Тој нагласи дека дијалогот Белград- Приштина мора повторно да се поттикне и сите отворени прашања да се решат на преговарачка маса.

На прашањето дали ЕУ воопшти има сила да го реши косовскто прашање и дали има влијание врз Приштина, која не реагираше на апелите од Брисел да ги укине таксите, Курц рече дека ЕУ има разни можности да дејствува, но дека на крај е неопоходно во Белград и Приштина да постои политичка волја за компромис.