Курти и Мустафа се договорија за составот на идната влада

31

Претседателите на движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово, Албин Курти и Иса Мустафа, потпишаа договор за владејачката коалиција. Договорот треба да биде потврден и од највисоките органи на двете партии, пред денешната собраниска седница, каде што мандатарот Албин Курти би требало да го претстави својот кабинет пред пратениците и да побара поддршка. Според договорот, Владата ќе има 15 министерства – шест на движењето, шест на ДСК, три за малцинствата. Се очекува потпретседателот на Самоопределување, Глаук Коњуфца, кој на 26 декември е избран за претседател на Собранието, да се повлече од функцијата, со што би се отстапило место за потпретседателката на ДСК, Вјоси Османи.

– На еден ден сме до седницата на Собранието на Косово, на која можеме да избираме нова влада. Веќе го потпишавме договорот и договоривме сè, вклучувајќи ја и поделбата на одговорностите во новата влада, во која заеднички ќе управуваме – рече Курти.

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави постигнатиот договор за формирање влада на Косово. Според него, стабилното управување е во интерес не само на Косово туку и на регионот.