Курдски пратеник во турското Собрание осуден на осум години затвор

851

Турски суд денеска го осуди пратеникот во Собранието на Турција од редовите на курдската Народна демократска партија (ХДП), Абдулах Зејдан, на осум години затвор, под обвинение за тероризам.

Судот за тешки кривични дела во Дијарбекир го прогласи Зејдан за виновен по обвиненителниот акт за „помагање на терористичка организација на која не е член“, како и за „ширење на терористичка пропаганда“.

Турските власти ја обвинуваат ХДП дека е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.