Круемади: Дури 90 отсто од албанските граѓани се во тешка економска криза

210

Додека политичката дебата е фокусирана на нефункционирањето на Уставниот и Врховниот суд и слични прашања, економската ситуација на албанските граѓани е безнадежна, a земјата во длабока економска криза, изјави лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемади.

Таа додаде дека дури 90 отсто од албанските граѓани се во економска криза, како и оти 90 проценти од нив сакаат да побегнат од Албанија и да не се враќаат назад, а сето тоа поради „актуелната Влада која ги краде нивните пари“.

– Ние кои се занимаваме со политика, зборуваме за заробена држава, зборуваме за немање Уставен и Врховен суд, зборуваме за полиција заробена од криминалот, администрација што не постои, но 90 отсто од Албанците разговараат за залак леб, 90 отсто не успеваат да ги нахранат своите деца, 90 отсто не се во состојба да ги издржуваат своите родители, 90 отсто не може да ги подмират сметките за струја и вода, 90 отсто од Албанците сакаат што побрзо да ја напуштат Албанија, без да ја свртат главата назад. Зошто се случува ова? Ова е затоа што Владата, која денес е единствено на нога, поради падот на целиот систем, мисли само на пет лица кои ги земаат парите на Албанците и ги ставаат во своите џебови, обвини Круемади.

Таа додаде дека е неможно да се учествува на избори без да се има гаранција дека ќе бидат слободни и фер.