Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

437

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка откако беше повикан да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничен за воени злосотрства.

На крајот од владината седница, Харадинај ја соопшти оставката, а како причина го наведе тоа то доби покана да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг, во својство на осомничен за воени злосотрства.

Тој порача дека даноците кои неговата Влада ги воведе на стоки од Србија и БиХ, ќе останат на сила.

– Го враќам мандатот на народот, а вас прво ве информирам за тоа. Владата ќе продолжи да ги извршува функциите за да не се создава вакуум, официјално ќе ги известува сите релевантни институции и секогап ќе биде верна на татковината. Оставката е неотповиклива – рекол Харадинај на конференција за новинари.

Харадинајагласи дека одговорноста сега преминува на претседателот Хашим Тачи, кој има задача да започне консултации за да се одреди датум за одржување нови избори.