Косовска Платформа за конечен договор со Белград

792

Платформа за политичкиот дијалог со Белград усвои денеска косовската Влада и ја достави на одобрување до Собранието на Косово.

По усвојувањето на документот, косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека „било крајно време“ Владата до Парламентот да достави Платформа за дијалог.

– Платформата го содржи предусловот што ја изразува добрата волја за добрососедски односи, почитување на договорите и за интеграција во ЕУ и НАТО – нагласи Харадинај.

Според него, со доставувањето на Платформата до Собранието, дијалогот станува транспарентен и ќе се овоможи сеопфатна расправа по документот.

Харадинај се осврна и на Заедницата на српските општини, истакнувајќи дека во тек е постапка за изработка на нејзиниот статут, со што Приштина ќе ја спроведе и оваа обврска од Бриселскиот договор со Белград.