Косовската полиција се мобилизира за прославата на Видовден

174

Косовската полиција информира дека ги презела сите потребни мерки по повод утрешното одбележување на православниот празник Видовден, една од најголемите верски слави на Србите, пренесе МИА.

Полицијата објави дека ги зајакнала безбедносните мерки за да обезбеди ред, мир и сигурност пред, за време и по манифестациите кои традиционално се одржуваат од страна на косовските Срби.

– Со цел да гарантираме слобода на движењето за сите граѓани, на локациите каде што ќе има ограничувања, целосни или делумни блокади на одредени патни сегменти, во зоните каде што ќе се одржат разни манифестации, како што се Приштина, Грачаница, Газиместан и други, ќе бидат ангажирани доволен број полицајци, со цел пренасочување на сообраќајот и обезбедување услови за нормално движење на сите учесници во сообраќајот, се наведува во соопштението на косовската полиција, во кое се бара од граѓаните да не подлегнат на можните провокации.