Косово ќе потроши 2,6 милиони евра за луксузни џипови

40

Косовските институцииа во наредните денови ќе потрошат 2,6 милиони евра за купување на 71 луксузен џип и 15 патнички возила, јави дописникот на МИА од Приштина.

Освен тоа, според пишувањето на весникот „Зери“, од почетокот на годинава институциите изнајмиле околу 400 други возила, за чие користење во наредните 60 месеци ќе се платат околу 10 милиони евра од државниот буџет.

Вкупно два милиони и 620 илјади евра ќе чинат џиповите кои ќе се купат за потребите на косовската полиција и  Заштитните сили на Косово (ФСК), заедно со 15-те патнички возила.

Извори од Централната агенција за набавки на Косово, која ги организира набавките за сите институции кои се финансираат од буџетот на Косово, за „Зери“ велат дека секојдневно растат барањата за изнајмување, но и за купување нови возила.