Коснет: Косово е заглавено поради корупцијата и кршењето на човековите права

80

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет изјави дека земјата е „заглавена од корупцијата, нападите врз новинарите, протерувањето на странски државјани без редовен судски процес, насилството над малцинствата“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коментарот што Коснет го објави на својот Твитер уследи по објавувањето на извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во 2018 година, во кој како главни проблеми во Косово се наведуваат „насилоното враќање на бегалците или барателите на азил, ендемската корупција во власта, насилството и насилните закани врз новинарите и нападите врз членовите на етничките малцинства или другите маргинализирани заедници“.

Извештајот посебно го нагласува случајот на протерување на шестмината турски државјани од Косово во Турција, каде што, според Вашшингтон, тие се гонат „под неосновани обвиненија“.

Протерувањето на турските образовни работници во март минатата година, кои офцијална Анкара ги обвинува како соработници на Фетулах Ѓулен, политичкиот противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, продолжува да предизвикува реакции од различни политички и граѓански кругови во Косово, но се уште никој не понел одговорност за кршењето на процедурите за прогон.