Кинескиот „голем брат“ доаѓа на Балканот

1244

Во 2014 година, човек беше прегазен со автомобил во Белград. Сторителот избега, иако полицијата му влезе во трага. Следниот месец, српската полиција дозна дека осомничениот отпатувал во Кина, по што на кинеските власти им испрати негови фотогорафии. По само три дена, кинеската полиција го уапси осомничениот со помош на најсовремена технологија. Ова ги импресионираше властите во Србија, кои се уште користеа аналогна опрема за надзор и објекти со ограничени технички можности, за разлика од нивните кинески колеги, пишува „Форин полиси“.

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“ минатиот август го опиша овој инцидент (со мали промени на датумите и клучните детали) како студија за проектот „Безбеден град“ кој компанијата го имплементираше во Србија. Кинеската компанија тврди дека проектот ќе го намали времето на истрагите на полицијата, ќе ги зголеми стапките на спроведени апсења и приведувања, ќе ги одвраќа луѓето од организиран криминал и во целост ќе влијае за намалување на глобалните стапки на криминал. Оттогаш, студијата не може да се најде на официјалната веб-страна на „Хуавеи“ како претходно, по силната рекација во Србија, за тоа како системот за надзор би можел да влијае врз животот на граѓаните.

Системот за надзор на „Хуавеи“ вклучува инсталирање и поставување на 1.000 камери со висока резолуција, кои користат систем за препознавање на лица и регистарски таблички, на 800 локации во главниот град на Србија во следните две години. На почетокот на годината, српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, најави дека проектот набрзо ќе започне и дека ќе ги покрие сите важни улици и пешачки зони во Белград.

Меѓутоа, студијата на „Хуавеи“, објавена пет месеци пред изјавата на Стефановиќ, потенцираше дека во првата фаза на проектот, тимот веќе поставил повеќе од 100 камери и системи за видео-надзор на 60 клучни точки во градот.

– Во Европа и во Северна Америка, една од најголемите причини за загриженост поради технологијата на „Хуавеи“ е тоа што таа може да се користи за да се зацврстат автократските системи. Во моментната политичка клима во Србија, наместо да се чувствуваат безбедно, граѓаните би се чувствувале уплашено. Србија стана поле за пробно истражување, во случајов, за тест за тоа како други земји би реагирале со слични предизвици – сметаат од „Форин полиси“. 

Фондацијата за човекови права „Шеар“ од земјата тврди дека софтверот кој се користи за препознавање на човечки лица сериозно ги крши основните човекови права и слободи.

– Технологијата за препознавање на лица е многу наметлива, поради фактот што собира големи количества на податоци и информации за граѓаните. Доколку не се направи оценка за влијанието за заштита на податоците и не постојат прецизни правила за нивно процесирање, овие чувствителни податоци може да се злоупотребат – изјави Бојан Перков, истражувач во „Шеар“.

Перков смета дека објавувања на лични податоци се случуваат во земји со далеку подобри правила за заштита на податоците и земји со повисоко ниво на свесност за приватност од Србија.

Покрај загриженоста на граѓаните и граѓнските институции, од „Хуавеи“ инсистираат дека се едниствените вклучени во проектот и дека ги почитуваат сите применливи закони и прописи во Србија.

Во сега избришаната студија за Белград, кинеската компанија се пофали дека веќе го распоредила својот систем за „Безбеден град“ во 230 градови ширум светот, за повеќе од 90 национални и регионални влади. Вакви проекти има во Малта, Турција, Русија, Украина, Азербејџан и Казакхстан, кои се само дел од земјите.

Соработката на Србија со Кина датира уште од 2009 година, кога двете земји потпишаа договор меѓу двете министерства одговорни за безбедност. Во 2014 година, „Хуавеи“ влезе во приказната со својот проект за „Безбеден град“, потпишувајќи меморандум за разбирање. Пред две години, „Хуавеи“ и српската влада потпишаа и документ за стратешка соработка, со што се продолжи развивањето на информациите и комуникацијата во српските институции за образование. Оваа година, српските власти исто така побараа помош од „Хуавеи“ за инсталација на инфраструктура за интернет за нивните автопати.

Во моментов, политичката ситуација во Србија е далеку од стабилна. Покрај проблемите со Косово, владата на претседателот Александар Вучиќ се соочува и со критики поради недостаток на слободата на медиумите, зголемени тенденции на автократско владеење, закани за правната држава и високи нивоа на корупција, кои беа главните точки и причини за опозициските протести во последните шест месеци – пишува американскиот медиум. 

Вучиќ дури повика и за користење на дронови за да се снимаат демонстрантите и да се добие точна бројка на луѓето кои протестираа на еден митинг во април, кратко по најголемиот опозициски протест годинава. Со споредување на снимките, Вучиќ имаше за цел, слично како американскиот претседател Доналд Трамп, да покаже дека неговата поддршка е многу поголема.

Имајќи ја технологијата за надзор на „Хуавеи“, српскиот претседател сега може да го прави тоа самостојно. Со стратешки поставените камери и системи за препознавање на лица, српската полиција би можела да има многу добри податоци не само за бројката на демостранти, туку и за нивниот личен идентитет. Ваквите системи би можеле да создадат безброј ризици за српските граѓани, заклучуваат од „Форин полиси“. 

– Не само што е нејасно колку податоци ќе бидат проследени на „Хуавеи“, туку не се знае ниту како владата ќе ги користи овие податоци, што на крајот ја подрива желбата на граѓните да се изразуваат слободно и без страв од реперкусии – смета Мајкл Џ. Огиа, констултант за работа на Интернет.

Развојот на настаните сугерира дека земјите на Балканот би можеле да бидат идеална прилика за Кина и нејзините технолошки гиганти да ги покажат своите можности за создавање на државен надзор. Сеопфатна база на податоци за препознавање на лица, како онаа што би ја обезбедил системот на „Хуавеи“, ќе премисли многу луѓе за протестирање против владата на Србија.

Во Европа, не постои подобро место од Балканот за тестирање на инвазивната кинеска технологија. Лесното обезбедување на јавни набавки и слаби регулативи овозможуваат голема флексибилност за државните и приватните кинески компании да имаат можност да го етаблираат бизнисот.

Кинеската влада веќе се обидува да воспостави „мека моќ“ во регионот преку нивните проекти за патишта. Поголемото и позагрижувачко прашање во однос на инднината е дека доколку владите на Балканот станат премногу завсни од кинеската технологија за да ја задржат својата силна позиција на власт и моќ, што би побарал Пекинг за возврат? Пилот-проектот на „Хуавеи“ во Србија би можел да се докаже како тестирање за нивните европски планови, кои вклучуваат имплементација на 5-Г ехнологијата, на што САД и ЕУ жестоко се противат.

Инвазивноста на овој тип на надзорна технологија исто така би можел да значи дека кинеската национална разузвачка мрежа би станата интернационална. Во овој случај, Србија би можела да служи како отскочна штица за кинескиот притисок за технолошка доминација и нивните обиди да го прошират своето влијание во Европа, завршуваат од „Форин полиси“.