Карл Билт најави апсење на Хашим Тачи ако се потврди обвинението против него

256

Поранешниот премиер на Шведска, Карл Билт, рече дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку биде покренато обвинение против него.

Во изјавата за „Гзеро медија“, Билт рече дека тоа ќе ја вознемири политичката сцена во Косово.

– Доколку објавениот обвинителен акт биде потврден, Тачи ќе се соочи со апсење. Тој ќе мора да замине во Хаг и да се соочи со долго и комплицирано судење, кадешто заштитата на сведоците ќе биде голем проблем. Ќе поминат неколку години и тоа без сомнение ќе ја вознемири политичката сцена во Косово – ја пренесува Зери изјавата на Билт.

Портпаролот на специјалното јавно обвинителство во Хаг, Кристофер Бенет, изјави вчера дека Обвинителството поднело обвинение од десет точки против Тачи, претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и други за повеќе кривични дела против човештвото и воени злосторства.