И Додик како Китаровиќ: БиХ е нестабилна држава

59

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик се согласи со изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која ја пренесе израелскиот „Ерусалим пост“, наведувајќи оти е точно тоа дека „Босна и Херцеговина е нестабилна, неможна и неодржлива земја“.
– Не е непознато тоа дека од просторот на Европа, најмногу имаше од Босна и Херцеговина што ѝ припаѓаа на Исламската држава во Сирија, како и тоа дека овде имаше неколку терористички напади – рекол Додик и истакнал дека тоа не значи оти муслиманите се терористи.

Пред два дена, во израелскиот весник е пренесена изјавата на Колинда, која ја даде за време на посетата во Израел, оти Босна и Херцеговина е нестабилна земја, која ја контролира милитантен ислам.
Меѓутоа, новинарката на тој медиум кажала дека хрватската претседателка не зборувала за Иран, ниту ја спомнала Владата на Босна и Херцеговина. Нејзината изјава за поврзаноста на Иран и терористи се однесувала само на некои од мигрантите што стигнале во Босна и Херцеговина.

Експертот за безбедност Горан Акрап за Нова ТВ изјави дека ова е веќе видено сценарио, во кое први учествувале во критиките кога хрватската СОА неоправдано беше обвинета дека го поттикнува исламскиот тероризам во Босна и Херцеговина.
– Тоа се двајцата бошњачки претставници во БиХ – рече Акрап.
Поранешниот премиер на Хрватска Зоран Милановиќ посочи на фактот дека ова е првпат да се пушти новинар во блиското опкружување на израелскиот претседател. Но кога виделе дека направиле штета, се обиделе малку да ја релаксираат состојбата, ама безуспешно.

– Не ни е потребно да се случи овде хаос и да се потпали атмосферата со претерани изјави, затоа што не сме земја што треба да се турка во првите редови во вакви работи – вели Миловановиќ.