Инцидент на белградскиот аеродром, откажани сите летови

280

Утрово во 4 часот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ дошло до инцидент, поради што сите летови се откажани.

Како што јави Н1 телевизија, при слетувањето на авионот Боинг 737-800 на компанијата Еџипт Ер, се блокирале тркалата на леталото и се запалиле гумите.

Нема повредени, а дојдовните летови се пренасочени на другите аеродроми.