Инцидент во српското Собрание, хрватска делегација заради Шешељ ја прекина посетата

1705

По инцидентот во Белград кога Воислав Шешељ упатил пцовки кон хрватската делегација, која престојува во дводневна посета на Србија, а потоа го газел и хрватското државно знаме во Собранието ан Србија, претставниците на Хрватска ја откажаа средбата со српската министерка за евроинтеграции и се повлекоа во зградата на хрватската амбасада во Белград.

Како што јавуваат хрватските медиуми, тие донеле одлука да ја прекинат посетата на Србија.

Претседателот на хрватскиот Сабор Горан Јандроковиќ денеска ја започна дводневната официјална посета на Србија. Во текот на денот претседателот на Српската радикална партија Воислав Шешељ ја пцуел хрватската делегација и го газел хрватското знаме во Собранието.

Посетата на Јандроковиќ е прва официјална посета на претседателот на хрватскиот Сабор на Република Србија.

Инцидентот го осуди претседателката на српското Собрание Маја Гојковиќ.

– Искажаното непочитување кон државните симболи на Република Хрватска, чија делегација на чело со претседателот на Саборот Горан Јандроковиќ се наоѓа во прва историска посета на Србија, е недозволливо и претставува навреда и за српскиот народ кој се одликува со традиција на гостопримство“, наведе Гојковиќ.