Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди источна Турција

66

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди денеска источниот дел на Турција.

Засега нема извештаи за жртви.

Некои жители на овој регион на страниците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар напишаа дека темелите на нивните домови силно се занишале. Други напишаа дека делови од нивните куќи се оштетени, пренесува хрватски „Индекс“.

Земјотресот се случил во 18.55 часот, а епицентарот бил на 11 километри североисточно од Догањол.